Засега нема ученици позитивни на ковид-19, соопшти Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/21 1:26 PM

Засега нема ученици позитивни на ковид-19, соопшти Филипче

Од досегашниот скрининг на учениците во основните и во средните училишта за ковид-19, досега нема ниту еден позитивен случај. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека, до крајов на неделава треба да се истестираат околу 500 ученици, според досегашната динамика на согласности од родители.

„Се тестираат деца во средни училишта во Скопје и во повеќе основни училишта во други градови. Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете,  што е одличен знак. Но, да почекаме, сѐ се уште е рано. Ако некои родители не даваат согласност за тестирање, се оди на алтернатива на друго дете во класот. Засега нема отпор и не верувам дека ќе има“, рече Филипче.

„Останува да важи препораката за трета доза вакцина против ковид-19, после третиот месец од примањето на втората доза на руската вакција Синофарм. За сите други вакцини, освен за Синофарм, третата доза треба да се прими после шестиот месец. Тоа е така, според светските трендови и упатства од меѓународните институции, кои ние ги следиме“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.