Ги опушта мускулите и го смирува организмот – Чајот од камилица го подобрува сонот – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/21 10:24 PM

Ги опушта мускулите и го смирува организмот – Чајот од камилица го подобрува сонот

Камилицата е растение кое не релаксира, смирува и го ублажува чувството на вознемиреност

Камилицата се препорачува и за сите болести на цревата и желудникот, грчеви, воспаление на дебелото црево, надуеност, како и болести на бубрезите, црниот дроб и жолчката, а помага и во лекувањето на нервните заболувања и реума.

Истражувањето спроведено во последните пет години покажа дека камилицата помага и во ублажување на чувствата на анксиозност и полесно заспивање. Тоа е затоа што камилицата содржи апигенин, кој е флавоноид. А флавоноидите се хемиски соединенија кои им даваат боја на растенијата и се богати со антиоксиданси, помагајќи му на телото да се бори против стресот.

Чајот од камилица може да биде едно од решенијата за болки во менструацијата, што го имаат 93 проценти од жените, а консумирањето чај од камилица може да биде едно од решенијата за тој проблем, бидејќи ги ублажува болките и грчевите во мускулите.

Камилицата е добра и за анксиозност бидејќи со подобрување на сонот, опуштање на мускулите и намалување на крвниот притисок, ја смирува и раздразливоста. Кога пиете чаша чај од камилица после вечера, може да се чувствувате порелаксирано и поподготвено за спиење отколку кога не го пиете.

Извор: Информер.рс