Познатиот руски танчер Артем Кручин (24) се ожени за една од најпосакуваните руски девојки, 10 години постарата Анастасија Потанин, првата од трите ќерки и наследничка на милијардерот Владимир Потанин.
Владимир важи за еден од најбогатите Руси, и е 56 најбогат човек на светот. Неговото богатство се проценува на 1,18 трилиони рубљи (14 милијарди евра). Тој и неговата поранешна сопруга Наталија, моментно водат спор за поделба на имотот по развoдот кој се случи во 2014 година, поради неговата љубовна афера со помлада соработничка.
Анастасија е сопственичка на галерија на современа уметност во Москва, а нејзиниот сопруг Артем, танчер и инструктор кој како тинејџер беше и светски шампион.