Свеќи, солзи и над 1.000 рози – Свадба во семејството Кардашијан – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/21 7:59 AM

Свеќи, солзи и над 1.000 рози – Свадба во семејството Кардашијан

Тревис Баркер, тапанарот на популарната група „Блинк 182“, ја запроси својата девојка, Кортни Кардашијан, на плажа во хотел во Монтесит, Калифорнија. Судејќи според фотографиите, сe било многу романтично. Свеќи, илјада рози и, според извори од странските медиуми, солзи од радост.
Ова ќе биде прв брак на Кортни, за разлика од нејзиниот партнер. Таа никогаш не го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот бивши Скот Дисик, со кого имаше три деца, често повторувајќи како „чувствува дека тој не е тој“.


Според понатамошните наводи, пприсуствувале Клои Кардашијан и Тристан Томпсон, кои ја имаат ќерката Тру, присуствуваа на свршувачката додека заоѓаше сонцето.
– Кортни беше изненадена пред се што ги виде таму. Потоа Тревис ја придружуваше до плажата, каде имаше црвени и бели цветни аранжмани во форма на срце. Беше навистина романтично. Видов дека Кортни се смее од среќа и дека не може да поверува што се случува. Семејството ја поздрави весело и сите потоа се вратија во хотелот – тврди медиумски извор, а фотографиите што ги сподели на Инстаграм ги воодушеви сите што ја следеа.
„Засекогаш“, напиша таа, а Тревис одговори во коментарите.

Друг извор рече дека ниту нејзината мајка, Крис Џенер, ниту нејзиното момче Кори, не ја пропуштиле веридбата. Ќерката на тапанарот од неговиот прв брак, Алабама, исто така се огласи на Инстаграм, покажувајќи прстен што сега сјае од раката на најстарата сестра на Кардашијан.

Мажачката на Клои тешко му паднала на нејзиниот бивши. Нивната љубов беше како од бајка, а потоа дојде до презаситеност, и тие раскинаа пред шест години. Извор близок до поранешниот пар за E! News велат дека не му се допаднало сознанието за свршувачката и фактот дека мајката на неговите три деца ќе се омажи за Баркер. Како што е наведено, Дисик „знаеше дека тоа ќе се случи затоа што семејството Кардашијан го предупреди за тоа порано“.

– Скот полуде. Тој е многу болен и прашање на време е кога ќе му се влоши состојбата – вели извор за споменатите странски медиуми.

Извор: pink.rs/.espreso.co.rs

Фото: story.rs