Цело друштво на маса во „кафана“, Владата ги олабави мерките за угостителските објекти – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/21 2:58 PM

Цело друштво на маса во „кафана“, Владата ги олабави мерките за угостителските објекти

Во „кафана“ ќе може на една маса да седат, јадат и пијат цели друштва. Владата на денешната седница, според моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).
„Со измените и дополнувања, се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти“, стои во владиното соопштение.
Дополнително се усвои и измената на ограничување на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50 отсто искористеност на капацитетот.
За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.