Новиот штипски Совет добива четворица лекари, доминираат професори и правници – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/21 1:57 PM

Новиот штипски Совет добива четворица лекари, доминираат професори и правници

Промена на мнозинството во штипскиот совет, по одржаните Локални избори. Според последните информации, затоа што се уште течат роковите за приговори, ВМРО-ДПМНЕ освои 13 советнички места, СДСМ девет и Левица едно советничко место.

Овој советнички состав добива дури четворица лекари специјалисти, по двајца од советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лекари беа и носители на советничките листи и на двете партии.

По лекарите, доминираат професорите и правниците , но има и машински и рударски инженер, бизнисмен, спортист, музичар.

Според претседателот на ОИК, Виктор Вацев, засега нема приговори од страна на учесниците во изборниот процес, но рокот се уште тече. Од Левица, информираа дека имаат поднесено приговори до ДИК, но најверојатно истите се уште не се доставени за разгледување. Левица реагира за одредени нерегуларности на неколку избирачки места, кои доколку бидат прифатени, може да го променат составот на Советот-Левица да добие уште едно советничко место, а на штета на ВМРО-ДПМНЕ , кој наместо 13, да има 12 советници.

Наводно за уште едно советничко место, на Левица и фалат уште 27 гласа.

Но додека течат роковите до конечните одлуки од ДИК, еден преглед- Кој влегува во новиот штипски Совет.

ВМРО-ДПМНЕ-Владко Захариев-специјалист неврохирург

Весна Кожинкова -професор по македонски јазик во гимназијата„Славчо Стојменски“

Весна Ушинова-специјалист интренист

Душко Иванов-дипломиран правник, вработен во АЕК

Дејанчо Здравков-дефектолог

Лидија Горачинова-Илиева-доктор по математички науки

Јорданчо Танев-приватен стопанственик и музичар

Бети Тасевска-дипломиран менаџер по царина

Весна Ничева-наставничка по одделенска настава

Благој Цонев-студент

Драгица Петрова-професор по македонски јазик во ООУ„ Славејко Арсов“

Лазо Димчов-дипломиран инженер по геологија

Атанас Костовски-машински инженер, професор во СОУ „Никола Нехтенин“

Но и овој состав на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ , најверојатно нема да биде конечен. Дел од професорите може да станат и директори на некои од училиштата во градот. Весна Ничева, веќе беше директорка на ООУ Ванчо Прќе, па информациите велат дека може повторно да се најде на оваа позиција исто како и Атанас Костовски кој беше поранешен директор на СОУ „Никола Нехтенин“. Весна Кожинкова, се споменува како нов директор на штипската гимназија.

И во советниучката група на СДСМ, има двајца лекари, на прво и второ место на советничката листа.

Александар Мишев-специјалист офтамолог.

Дијана Шишкова -специјалист по инфективни болести

Никола Рилак-инженер по телекомуникациски системи

Маријана Рогожарска Поповска-дипломиран правник, досегашен претседател на штипскиот Совет

Зоран Костовски-педагог, моментално директор на НУ Библиотека„Гоце Делчев“, советник со најдолг советнички стаж.

Емил Павлов-спортист-најдобриот македонски каратист

Златка Иванова-моментално в.д во ЈУ„Меѓуопштински центар за социјални работи“Штип

Трајче Стојчевски-економист, вработен во АД Мепсо

Иван Бојаџиски-пензиониран новинар

Со еден советник, за прв пат во Штипскиот совет влегува и Левица. Нејзин претставник ќе биде Сенада Ибраимова, дипломирана новинарка на факултетот за Комуникации при Универзитетот „Еге“ во Измир, Турција.

Доколку бидат уважени приговорите , Левица ќе добие уште еден пратеник-Ангеле Михајловски.

В.Кр