Роналдо се поднови со нова „ѕверка“ Бугати кој е произведен во само десет примероци – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/21 9:34 PM

Роналдо се поднови со нова „ѕверка“ Бугати кој е произведен во само десет примероци

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја збогати својата гаража со страшна машина. Роналдо се почести со новoto бугати „Centodieci“, модел толку уникатен што беше произведен во само десет примероци, пренесува британски „Мирор“

За каква „ѕверка“ на четири тркала се работи говори и фактот дека ова Бугати постигнува брзина од 100 км / ч за импресивни 2,4 секунди, а до 200 км / ч за само 6,1 секунда.

Овој автомобил развива максимална брзина до 380 километри на час, а цената е „вистинска ситница“, 9,5 милиони европски банкноти.

Интересно е да се истакне дека сопственикот на Бугати во јули оваа година стана познатиот 33-годишен Хрват, Мате Римац, кој го разви првиот хрватски електричен автомобил „Concept one“.

Изввор: Еспресо.ко.рс