Во октомври 1955 година, беше произведен првиот примерок на Застава 750, а еден ден подоцна работничката класа беше информирана за ова големо достигнување на индустријата на поранешна Југославија.
Лиценцираниот Fiat 600, со мали измени и неколку варијации во производството, остана таков до 18 ноември 1985 година, кога беше произведен последниот примерок. Во погоните во Крагуевац биле произведени вкупно 923.487 примероци, со што „Застава 750“ стана најпопуларниот автомобил на патиштата во поранешна Југославија.