Штип: Ако нема приговори, Јорданов идната недела ќе ја преземе функцијата – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/21 1:14 PM

Штип: Ако нема приговори, Јорданов идната недела ќе ја преземе функцијата

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, е новиот градоначалник на Штип. Ако нема приговори во рок од 24 часа, по официјалното доставување на записникот од изборите во ДИК, можно е Јорданов да седне во градоначалничката фотеља веке од идната недела .

На вчерашните Локални избори-2021, според официјалните податоци од ДИК, за Јорданов се изјасниле 54,22 % од граѓаните кои излегле да гласаат. Тоа значи дека за Јорданов гласале 13.085 освоени гласови, над 3800 гласови повеќе од неговиот противкандидат и досегашен градоначалник Сашко Николов. Кандидатот за градоначалник Сашо Николов според податоците од ДИК има вкупно 9210 гласа.

„ Ова е предност која ја дадоа нашите сограѓани и оваа е нивна победа, ова е нивна предност. Затоа имаме обврска кон нашите сограѓани да вложиме повеќе енергија и сето она што сме го ветиле да го направиме, да бидеме нивен сервис,“ изјави синоќа Јорданов.


фото-prt sc

Досегашниот градоначалник и кандидат Сашко Николов на прес-конференција која што ја одржа во градоначалничкиот кабинет, го призна поразот и му честиташе на новиот градоначалник.

„На вчерашниот ден на едени фер и демократски избори, граѓаните го дадоа својот глас, за другиот кандидат за кој сметаа дека тој треба да ги води следните четири години. Му посакувам на новиот градоначалник успешна работа, на граѓаните здравје и среќа,“ рече Николов.

Дој додаде дека нема да поднесуват приговори, затоа што победата на неговиот противкандидат е кристално јасна. Кажа дека се враќа на работа во болницата, дека таму припаѓа, а деветмесечниот мандат како градоначалник ќе биде добро искуство во неговата понатамошна работа.

Според претседателот на ОИК, Виктор Вацев, доколку нема приговори, штипската општинска администрација и граѓаните ќе имаат нов градоначалник веќе од идната недела, откако од ОИК тој и сите советници ќе ги добијат уверенијата за новите мандати.

„Што се однесува до текот на вчерашниот изборен ден , тој помина мирно, без некои приговори, освен тој на гласачкото место 2296, каде било пронајдено грасачко ливче позади параванот. Од страна на ОИК  излеговме на лице место, гласачкото ливче е поништено. Изборниот процес беше прекинат петнаесетина минути,“ рече Вацев.

Инаку и Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата на гласачите со 48,38 %, СДСМ и коалицијата доби 35,13% а левица 7,34 %.

В.Кр