Истражување на ЦЕПЕР: Словенците најмногу користат платежни картички – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/21 9:42 AM

Истражување на ЦЕПЕР: Словенците најмногу користат платежни картички

Потрошувачите во пет земји од Централна Европа, вклучително и Словенија, од почетокот на пандемијата на Ковид-19 најмногу користат безготовинско плаќање, покажува истражувањето спроведено од Центарот за истражување на пазарот во Централна Европа, ЦЕПЕР. Електронското плаќање е најпопуларно во Словенија, каде мнозинството испитаници рекле дека бараат од трговците да понудат барем еден облик на безготовинско плаќање.
Во Словенија, Словачка, Чешка, Унгарија и Полска, 50 проценти од испитаниците потврдиле дека избегнуваат да плаќаат во готово, секогаш кога е тоа можно. Словенија е во водство, 20 отсто од потрошувачите во оваа земја изјавиле дека засекогаш би се откажале од готовинско плаќање. Шеесет проценти од испитаниците рекле дека би се обиделе да избегнат плаќање во готово, а шест проценти посочиле дека ќе останат на стариот начин на плаќање, покажува ЦЕПЕР.