Во Дебар и Центар Жупа до 17 часот помала излезноста за разлика од последните избори – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/21 5:50 PM

Во Дебар и Центар Жупа до 17 часот помала излезноста за разлика од последните избори

Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 6.761 или 35,2 отсто од вкупниот број запишани граѓани во единствениот избирачки список – потврдија од Општинската изборна комисија.

Споредено со минатите избори во 2017 година, проценот на илезност е помал. Тогаш правото на глас до 17 часот го искористија 7.342 или 581 повеќе споредено со денеска. На претходните локалните збори пак излезноста до 17 часот беше 45,6 отсто.

– Во Општина Центар Жупа до 17 часот на гласање излегоа 1.691 гласачи или 23,11 отсто од вкупно запишаните 7.317 лица со право на глас, што е за десеттина проценти помалку споредено со минатите локални избори. Изборниот процес тече без проблеми, се надеваме дека така ќе биде до крајот, рече Неџип Илјаз, претседател на ОК, Центар Жупа.

Во оваа општина на минатите избори до 17 часот правото на глас го искористија 2.152 гласачи или 32 отсто од вкупно запишаните 6.810 граѓани со право на глас. На претходните локални избори, пак, излезноста беше 56 отсто.

 

МИА