Излезноста до 11 часот надмина 10 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/21 10:51 AM

Излезноста до 11 часот надмина 10 отсто

Излезноста до 11 часот часот е 10,22 проценти.  Како што информираат од Државната изборна комисија, биле обработени  2.544 или 73,1 отсто од избирачките места, а гласале вкупно 135.906 гласачи.

Највисока излезност имало во Новаци (25,84%) Крива Паланка (20,44%), Вевчани (18,61%), Лозово (17,51%) и Кривогаштани (17,43%).

Најмала излезност пак имало во Врапчиште со 4,92 отсто.

– До овој момент гласањето тече на сите избирачки места, на неколку гласачки места имаше прекини и тоа поради лошо ракување со уредите за биометриска идентификација и лош квалитет на базата на отпечатоци, велат од ДИК.

Проблемите како што потенцираат се решаваат тековно.