Најновите податоци на европското статистичко биро Евростат, објави дека во четири земји-членки на Европска Унија, Бугарија, Романија, Грција и Шпанија, над една-четвртина од населението е изложено на ризик од сиромаштија.
Во Романија 35,8 отсто од населението е во ризик од сиромаштија, во Бугарија – 33,6 проценти, Грција – 27, 5 отсто и во Шпанија 27 проценти.
Евростат наведува дека минатата година, во ЕУ 75,3 милиони луѓе биле изложени на ризик од сиромаштија, 27,6 милиони биле во тешка финансиска и социјална состојба, а 27,1 милиони лица живееле во домаќинство со низок интензитет на работа. Околу 5,9 милиони луѓе (1,3 проценти од вкупното население) живееле во домаќинства со три услови на сиромаштија истовремено (ризик од сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и домаќинство со многу низок интензитет на работа).
Со најнизок процент на изложеност на сиромаштија лани се регистрирани Чешка – 11,5 отсто, Словачка – 13,8 отсто, Словенија – 14,3 отсто, Холандија – 15,8 отсто и Финска 15,9 отсто.