Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески и се поклонија во спомен обележјето на Гумење.
Крушевчани ултрамаратонците ги пречекаа со црвени рози.
Петмина од нив пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри, од Нова Градишка, каде трагично загина Тоше Проески, а уште 10 ултрамаратонци својот маратон до Крушево и до Гумење го започнаа утредента, на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево.
Меѓу маратонците за првпат е и најстариот, 69-годишниот Ангел Малинов.
По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава и од Хрватска, Бугарија и Русија. Дел од нив изразија желба ултрамаратонот да се вика „Маратон на љубовта“.
(МИА)