Кралицата Елизабета Втора нема да пие чашка мартини секој ден – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/21 2:18 PM

Кралицата Елизабета Втора нема да пие чашка мартини секој ден

Британската кралица Елизабета Втора одлучи да го прекине секојдневниот ритуал на пиење чаша мартини, пренесува британскиот печат.
Според лондонски „Тајмс“, 95-годишната кралица има напорен есенски распоред на активности пред себе, а прославата на нејзиниот платинест јубилеј е планирана за јуни следната година.
Близок семеен пријател изјави за британскиот весник, дека одвикнувањето на Елизабета Втора од навиката за суво мартини, нема да биде проблем бидејќи таа не пие многу и тоа го прави само понекогаш од задоволство.
Извори од Бакингамската палата наведуваат дека кралицата понекогаш сакала да ужива и во чаша шампањ пред спиење.
Познавачите на настаните во британското кралско семејство велат дека за Елизабета Втора ова е најтешката есен во последните десет години. Само во текот на овој месец е планирано нејзиното присуство на седум настани.

Извор и фото: danas.rs