Знаеме колку е добар сонот за физичкото и менталното здравје на една личност. Не е лесно да имате добар сон и да се будите одморени, но има многу фактори кои можат да ви ја уништат ноќната рутина. Исто така, постојат многу митови во кои веруваме, а кои не се навистина точни. Некои од нив можат да ви го нарушат сонот.
Митови за спиењето
Треба да останете во кревет иако се борите да заспиете
Се испостави дека ова не е добра идеја. Националната фондација за сон советува да станеме од кревет, да ја смениме просторијата, да се свртиме кон некоја релаксирачка активност, како што е читање или слушање музика.
– Лежењето во кревет, обидувајќи се да заспиете залудно, може да создаде нездрава врска помеѓу средината за спиење и будноста – истакнуваат тие.
Алкохол пред спиење
Ова е исто така мит. Бројни студии докажаа дека консумирањето алкохол го нарушува здравиот начин на спиење, а според Националната фондација за сон, ќе го зголеми бројот на будења во текот на ноќта и исто така негативно ќе влијае на здравјето. Можете да се напиете чаша чај без кофеин пред спиење.
Може да се надомести изгубениот сон
Ние навистина не можеме да го надоместиме „изгубениот сон“ за време, да речеме, на работната недела или за време на викенд. Важно е да постои континуитет во спиењето. Според студијата на Медицинскиот факултет Харвард, хроничното губење на сон е речиси невозможно да се компензира.
Секоја година голтате неколку пајаци додека спиете
Се испостави дека ова исто така е мит.- Обичните домашни пајаци едноставно не ги интересираат луѓето кои спијат – велат експертите за спиење.
Извор: magazin.novosti.rs