Без проблеми тече гласањето на болните, немоќните, лицата со ковид-19 и затворениците, велат од ДИК – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/21 12:14 PM

Без проблеми тече гласањето на болните, немоќните, лицата со ковид-19 и затворениците, велат од ДИК

Во тек е гласањето на локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица. Како што информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на денешната прес-конференција, гласањето тече без проблем.
„Со право на глас на овие избори во избирачкиот список се запишани 1.824.863 лица. Денеска, пред денот на изборите, своето право на глас можат да го остварат вкупно 10.653 гласачи. На гласачките места во 13-те поправно казнени установи, можат да го остварат 1.899 гласачи. Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблем, наведе Даштевски.
Тој додаде дека во  своето гласачко право во единствениот Центар за внатрешно раселени лица ќе може да го остварат и шест гласачи кои се водат како внатрешно раселени лица. Во установите за вонсемејно згрижување, своето право на глас можат да го остварат вкупно 351 гласач. Гласањето на лица кои се болни и немоќни или во куќен притвор е за 7. 921 граѓанин кои се пријавиле за гласање.

Даштевски истакна дека во своите домови ќе гласаат 476 лица, кои се во домашен карантин или им е определена мерка самоизолација поради ковид-19. Ова гласање.

ДИК издаде акредитација за набљудување на 1.247 набљудувачи од кои 870 се домашни, 367 странски и 10 странски новинари.

Според Даштевски, информацијата на ЦИВИЛ дека недостигаат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи и дека избирачкото место во КПУ Идризово било отворено со задоцнување, Комисијата е најкомпетентно тело и таа нема таква информација.

(МИА)