Од утрово од 8 часот за сообраќај е затворен на регионалниот пат Дебар – Маврово, кај Бања „Косоврасти“, поради пропадната дупка на коловозот со длабочина од 10 метри и со можност да се прошири, информираат од АМСМ. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
(МИА)