Пејачот Петар Грашо и пејачката Даниела Мартиновиќ раскинаа по речиси 25 години љубов, а сега една пејачка откри детали за прекинот на оваа романса. Грашо се најде во фокусот на јавното внимание кога проструи информацијата дека тој и Даниела Мартиновиќ по речиси 25 години љубов не се веќе во врска и дека почнал романса со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерка на неговиот пријател Тончи Хуљиќ.
„Се зборува дека работите помеѓу Даниела и Петар почнале да пукаат уште пред една година. Лани во август имале кавга на забава организирана во неговата викендичка, по што таа си заминала. Очекувала дека ќе тргне по неа, но тоа сепак не се случило“, изјавила една пејачка за Јутрањи лист.
„На Даниела и понатаму и’ беше криво, но тука некако почна тоа, а во месеците кои следеа, тие двајца, секој за себе, размислуваа за својата врска и сфатија дека сакаат различни работи во животот“, додала пејачката.
„Откако новинарите открија дека веќе не се заедно, Даниела и Петар со часови разговараа по телефон. Во тој момент беа чесни и скрени еден кон друг, а по тој телефонски разговор за новинарите дадоа изјава во која потврдија дека веќе не се пар. Колку што знам разделбата поминала без лоши зборови и препукувања. Ни Даниела ни Петар не се луѓе кои би го пречкртале се она убаво шо им се случило во скоро четврт век љубов“, заклучила пејачката.
Фото: LIVIO ANDRIJIĆ/CROPIX
Извор: republika.rs