Вршел поткуп во врска со изборите: Попладнево приведен жител на Лозово – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/21 7:22 PM

Вршел поткуп во врска со изборите: Попладнево приведен жител на Лозово

Полициски службеници од ОВР Свети Николе, денеска во 17.30 часот го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, Општина Лозово – информираше попладнево МВР.

Лицето е приведено по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари – соопштија од Министерството.

Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање” и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.