Георгина остана без зборови поради подарокот од Роналдо вреден 124.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/21 5:18 PM

Георгина остана без зборови поради подарокот од Роналдо вреден 124.000 евра

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо зад себе има неколку возбудливи фудбалски денови, па оттаму, не зачудува неговото убаво расположение од кое „корист“ имаше и неговата свршеничка, Георгина Родригез. Имено, Роналдо по добивањето на наградата за играч на месецот во премиер лигата, одлучи да ја израдува својата сакана така што и’ купи подарок вреден 124 илјади евра. Во прашање е Луј Витон орманче за чување накит и скапоцени предмети, за што Георгина се пофали на социјалните мрежи, каде напиша: „Без зборови сум“.

Инаку, свршеничката на Ронално последниве денови е во центарот на вниманието поради филмот за неа кој се очекува на „Нетфликс“, а каде што ќе се зборува за тоа како воопшто завршила во прегратките на веројатно, најдобриот фудбалер во историјата.

Средбата со Португалецот дефинитивно и’ го промени животот. Пред да влезе Роналдо во продавницата каде што Георгина работела, таа живеела во заедничка куќа со семејството и заработувала околу 300 евра неделно работејќи во бутикот. Меѓутоа, Георгина сега е четврта најбогата жена на фудбалер, бидејќи сама зарабтува.

Викторија Бекам е прва, Шакира втора, а Колин Руни трета, додека богатството на избраничката на Роналдо се проценува на седум милиони фунти. Таа стана заштитно лице на одредени модни куќи кои ги рекламира, а во меѓувреме отпочна и со своја модна линија. Освен тоа, познато е дека за една објава на Инстаграм таа знае да заработи и до 250.000 евра.