Мадона синоќа на доделувањето на видео наградите на Ем-ти-ви во Њујорк, одлучи да оддаде почест на неодамна починатата пејачка Арета Френклин, но корисниците на Твитер не се баш воодушевени од начинот на кој тоа го направила. Тие се убедени дека таа, всушност, си оддала почест на самата себе и дека сето тоа го извела малку неспретно.
Во текот на својот говор Мадона главно зборувала за почетоците на својата кариера, а Арета ја спомнала дури кога зборувала за тоа како на аудиција ја пеела нејзината песна „(You Make Me Feel Like A) Natural Woman“. Продолжила да објаснува дека таа аудиција на крајот не поминала добро, но дека токму тој неуспех потоа ја вивнал во ѕвездите.
На крајот на говорот Мадона додала: „Сакам да ти се заблагодарам Арета што сите нас не охрабри. ПОЧИТ. Да живее кралицата!“.
И потоа почнале да пристигнуваат реакциите на Твитер…
„Дали знае Мадона дека Мадона не умрела?“
„Сосема сум изгубен. Мислев дека Мадона требаше да оддаде почест на Арета, но се што слушнав е дека си оддава почест себеси.“