Изедначени два одделни случаи дезинформираат дека се бара кривична одговорност од дофрлувачот на Заев во Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/21 1:32 PM

Изедначени два одделни случаи дезинформираат дека се бара кривична одговорност од дофрлувачот на Заев во Прилеп

Рецензираме текст со наслов „Иван Јовановски кој му дофрлаше на Заев повикан во полиција Апасиев реагира дека тој наместо за прекршок се гони за кривично дело“. Иако насловот тврди дека активистот на партијата Левица, Јовановски,  е повикан во полиција и се гони за кривично дело, текстот објаснува дека всушност, тој е повикан на разговор во полиција. Со тоа, оваа вест станува класично извртување на информациите.

Порталот пренесува фејсбук статус од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во кој се зборува за два сосема различни случаи. Апасиев ги поврзува меѓусебно, затоа што се работи за носители на советнички листи на Левица за Аеродром и Прилеп, но за читателот е нeјaсно дека се работи за различни личности.

Едниот случај, во кој е вклучен носителот на советничка листа на Левица во Прилеп, Иван Јовановски, се случи на 11 октомври годинава, кога паритски активисти организираа герила акција и го блокираа придот на владината делегација до споменикот. За овој случај Јовановски бил повикан во полиција, но не се гони кривично. Како што наведуваат од МВР, тој бил повикан на распит поради омаловажување на службено лице.

На 13 октомври во ПС Прилеп повикан е И.Ј. (32) од Прилеп врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, поради омалoважување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата“ – велат од МВР за Фокус.

Другиот случај за кој пишува Апасиев е од 2019 година и нема врска со Иван Јовановски, туку се однесува на двајцата браќа Дарко и Жарко Масларковски  од дуото Пука Козметика. Овој случај, кој е сосема независен од првиот, Апасиев го актуелизира сега бидејќи ова дело, како што велат од прекршочно било преиначено во кривично. Двајцата браќа Масларковски во 2019 биле приведени поради наводен напад на полициски службеник.

Порталот според тоа, изедначува два случаи кои временски не се поврзани и се работи за различни личности. Едниственото нешто што ги поврзува е тоа што и во двата случаи се вклучени активисти на Левица. Па така, во едниот е вклучен Иван Јовановски, носител на советничка листа во Прилеп, а во другиот случај Дарко Масларковски носител на советничка листа во Аеродром и неговиот брат Жарко кој се наоѓа на листа на Град Скопје.

Новинарот во овој случај не извршил базична проверка и не им објаснува на читателите дека се работи за два случаи, туку напротив, преземјаќи ФБ статус, ги изедначува, со што се добива претстава дека се работи за еден ист случај и дека активистот Јовановски се гони кривично поради тоа што имаше препирање со премиерот и го блокираше приодот на делегацијата до споменикот на Могилата на непобедените во Прилеп

Новинарот со ова  прекршува повеќе членови од Кодексот на новинари, меѓу кои и член еден и насоките 1.2 и 1.3 од Насоките за етичко известување во онлајн медиумите, во кои се вели:

 

„Онлајн медиумите нема да прикриваат или премолчуваат важни информации чие објавување би можело да влијае врз толкувањето или разбирањето на содржината на извештајот од страна на читателите. Премолчувањето на фактите кои можат битно да влијаат врз формирањето на ставот за некој настан или личност е еднакво на намерно искривување на реалноста и создавање дезинформации“.

„Онлајн медиумите нема да објавуваат неточни, пристрасни или манипулативно обликувани текстови, фотографии или други содржини со кои читателите намерно се доведувaат во заблуда. Фотомонтажите, обработените фотографии или други интервенции во автентични документ“.

Одговорноста на новинарите и медиумите е особено важна комппонента на известувањето во време на избори, со оглед на изострените конфронтации и изразени меѓупартиски тензии.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

 

.