Жителите евакуирани: Можно е ново уривање на мостот во Џенова – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 11:24 AM

Жителите евакуирани: Можно е ново уривање на мостот во Џенова

Мостот кој се урна минатата недела во Џенова се уште е ризичен дури и за пожарникарите кои учествуваат во расчистување на остатоците. Напукнатиот источен дел на надвозникот во Џенова ги испаничи пожарникарите, кои цела една недела се бореа во потрага по настраданите во несреќата во која животот го загубија 43 лица.

Жителите а куќите веќе не смеат да доаѓаат во своите куќи во близина на надвозникот да си ги земат личните работи поради опасност од уривање и на друг поголем дел од мостот. Населението е евакуирано, па дури и пожарникарите го напуштија местото поради страв од ново уривање.

Татнежот што сега го прави надвозникот е различен од претходните денови, според портпаролот на противпожарната служба, Лука Кари.

Процедурата за одземање на концесијата за автопатот од компанијата Аутострада е веќе започната, соопшти премиерот Конте , иако тие се подготвени да им дадат половина милијарди евра на жителите на Џенова и да платат за санација на надвозникот.