(Видео) „Надреалниот“ стаклен мост во Кина стана вистинска туристичка атракција – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/21 7:44 AM

(Видео) „Надреалниот“ стаклен мост во Кина стана вистинска туристичка атракција

Стаклениот мост Руиј во кинеската провинција Џеџијанг многу брзо стана туристичка атракција што ја видоа повеќе од 200.000 посетители.

Инспирацијата за изградба на мостот лежи во кинескиот симбол на среќата руи. Мостот е делумно направен од стакло, се наоѓа 140 метри над земјата и се состои од три брановидни мостови.

Дизајниран е да се вклопува со природната средина, така што линиите на мостот и планините меѓу кои се наоѓа се совршено интегрирани.

Првите фотографии од мостот беа критикувани, бидејќи луѓето беа сигурни дека конечниот производ нема да личи на оригиналната идеја – повеќето мислеа дека вакво нешто е невозможно да се направи и дека фотографиите од мостот се лажни.

Меѓутоа, по отворањето на мостот во септември 2020 година, работите се сменија и мостот наскоро стана водечка туристичка атракција во овој дел на Кина.

Преземено од: https://www.b92.net/