Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, од повратните вендинг машини, поставени три во Скопје и една во Тетово има заработено 26 бодови или во пари 13 денари од одложување на пластични шишиња и лименки. Тој по поставувањето на новата таканаречена вендинг повратна машина во Веро маркетот на влезот од Тетово, вчера си ќари уште неколку денари, откака пушти во машината неколку парчиња пластика, која потоа рециклирана се компресира.
Граѓаните кои сакаат да ја користат машината треба најпрвин да симнат апликацијата на телефон со скенирање на код, па тоа добиваат свој код и со приближување на телефонот до читачот од машината се логираат и ги пуштаат шишињата. За секо шише се добива еден зелен поен, а тоа е 0,5 денари и кога ќе се соберат одреден број поени се добива ваучер а со тој ваучер се намалува сметката во маркетот, односно заработувате пари. На апликацијата од министерот Нуредини имаше 26 поени или 13 денари, кој ги заработил од Вендинг машини со одложување односно рециклирање на пластика.
Во Македонија моментално има четири вакви машини, а целта е нивната бројка наредната година да достигне и до 60. За три месеци собрани се над 72 000 парчиња амбалажа, а има 2200 корисници кои ги користат апаратите.
-Преку рециклирање, добиваме паричен надомест и на тој начин тоа се враќа кон граѓаните. Целта е да ја јакнеме навиката на граѓаните да селектираат амбалажа и тоа е заложба на цел свет, за да се перцепира пластиката како суровина, истакнаа од компанијата Пакомак.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, потенцираше оти ова е одлична можност секој граѓанин да го одложува отпадот додека пазарува и е финансиски потик за одговорно однесување.
-Нема подобар начин да се престави обезбедувањето на услови и директна имплементација на новиот пакет на закони за управување со отпадот што Министерството за животна средина и просторно планирање го изработи, а Собранието го усвои.Тие се во функција на зелената трансформација на економскиот систем и воведување на принципот на циркуларна економија, истакна министерот Нуредини.
Машината има капацитет до 150 шишиња, а новите модели ќе имаа поголем капацитет за дополнителни 50 проценти. Проценките се дека секоја од овие машини на годишно ниво може да соберат и до 5 тони пластика.Следна ваква машина за одложување и рециклирање на отпадот ќе биде поставена во Битола.
(З.Д.)