ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.К.(61) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“, известуваат од МВР.
Тој, на државно земјиште во селото со површина од 75 метри квадратни, неовластено и спротивно на Законот за градба започнал да гради деловен објект.