Ултрамаратонците го почнуваат чествувањето за 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/21 1:36 PM

Ултрамаратонците го почнуваат чествувањето за 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески

Почнува чествувањето по повод 14 -годишнината од загинувањето на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Ултрамаратонците го започнуваат својот маратон за на 16 октомври напладне да стигнат во родното Крушево на Тоше и на неговото вечно почивалиште, на Гумење, за да му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец.

Петмина ултрамаратонци се веќе во Хрватска и денеска, околу 17 часот ќе го почнат симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија пред 14 години. Уште 10-те ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумење ќе го започнат утре, на 15 октомври околу 14 часот од граничниот премин Табановце, па преку Скопје да стигнат до Крушево на 16 октомври напладне.

Сите 15 ултрамаратонци на 16 октомври напладне од крушевчани ќе бидат пречекани со црвени рози.

На 16 октомври во Спомен-куќата на Тоше на Гумење ќе се одржи изложба, а таму веќе е поставена  кутија за донации на посетителите. Акцијата ќе трае до 25 јанураи наредната 2022 година кога е и родненденот на Тоше Проески.

По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево се очекува пристигнувањето на неговите фанови од земјава и од странство. На вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево е подигнато спомен-обележјето во негова чест и спомен