Децата на Ѓоковиќ веќе нема да дуваат роденденски свеќи, причината ја објасни неговата сопруга – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/21 7:28 PM

Децата на Ѓоковиќ веќе нема да дуваат роденденски свеќи, причината ја објасни неговата сопруга

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, е позната како многу посветена мајка која секојдневно се обидува да им обезбеди на своите деца најдобро воспитување и образование. Нејзината неодамнешна изјава дека ги воспитува своите деца без примена на каква било физичка казна, наиде на големо одобрување, но и несогласување од неколку нејзини придружници.

„Моите деца се првата генерација деца кои никогаш не добиле ќотек. Јас сум добивала од моите родители, мајка ми пред мене, татко ми, баба ми и дедо ми, Новакови исто така. Мислам дека тоа е голем квантен скок во промена на историјата и иднината“, рекла Јелена во една прилика.

Покрај тоа, во нивниот дом било променето и друго правило. Децата на Новак и Јелена, Стефан и Тара повеќе нема да ги дуваат свеќите на тортата за нивните родендени.

„Сите запаливме свеќи во манастирите и црквите во Косово за живите и починатите, за здравје и мир. Свеќата е симбол на несебична жртва, таа самата гори за да им даде светлина и сјај на другите. Тоа е симбол на животот и просветлувањето, отстранување на стравовите и темните мисли од нашите умови и срца и предавање на светлината Божја. Како тогаш ја прифативме традицијата да го прославуваме раѓањето на животот со гаснење на свеќата на тортата додека замислуваме желба?! Се прашував и сакав да го сменам тој обичај барем во мојот дом“, ја објаснила Јелена причината за својата одлука.

Извор: Србија24.ком