Сквернавеле гроб на градските гробишта во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/21 11:50 AM

Сквернавеле гроб на градските гробишта во Куманово

СВР Куманово ќе поднесе кривични пријави против три лица од Куманово, за кои постои сомневање дека сквернавеле гроб на градските гробишта, соопшти денеска полицијата.
Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово.
Тој заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта.
-По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11 октомври годинава, заедно со Р. С. (30) и Б.Н. (32)  двајцата од Куманово, кои биле пуштени на викенд од казнено-поправна установа Идризово, извршиле сквернавење на гроб-информираше полицијата.
СВР Куманово ќе поднесе соодветни крвични пријави против инволвираните лица, по целосно докуметираење на случајот.
МИА