Ураганот Ајда ја погоди Луизијана (САД), силниот ветер носеше покриви од зградите, а силното невреме ги помрдна и куќите. Она што им го направи на живите, им го направи и на мртвите-ураганот ги откорна ковчезите од земја, ги исфрли на улиците и им донесе трауми на семејствата и на државата која се опоравува од силното невреме.
„Кога ќе погребате некој роднина, очекувате дека тоа ќе биде местото каде засекогаш ќе почива“, изјави Хајвод Џонсон, кој живее во мала општина јужно од Њу Орлеанс, покрај реката Мисисипи. Ајда ги уништи речиси сите куќи и ги исфрли ковчезите на улица, заедно и оние во кои почиваат мајката и роднините на Џонсон.
„Некои од овие гробови се тешки по неколку тони, а водата ги исфрли како картонски кутии. Толку беше силна водата“, рече Џонсон.
Ковчезите ги има во дворови, во грмушки, под скали, и се бара начин како да се извлечат од таму. Извлекувањето е само првиот чекор, потоа треба да се идентификуваат остатоците со помош на роднините, за да може умрените повторно да бидат погребани. Процесот на идентификација е тежок ако лицето е одамна починато. Во некои случаи, и покрај потрагата, некои ковчези никогаш не се наоѓаат. Според некои проценки, ќе требаат две години за да се вратат сите посмртни останки на вистинското место после ураганот Ајда.
Извор: еspreso.co.rs