Заев: Македонскиот јазик ќе биде официјален во ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 8:26 AM

Заев: Македонскиот јазик ќе биде официјален во ЕУ

Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот официјален Фејбук профил во пресрет на информативната кампања и референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ.

Заев на ФБ

Премиерот Заев нагласува дека со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина милијарда жители.