Познатиот кенијски атлетичар Хосе Мвок Мачаринјанг (35) е пронајден мртво во продавницата во кругот на неговата семејна куќа, јавија денес медиумите од оваа африканска земја.
Телото го пронашло неговото семејство. Неофицијално, атлетичарот се обесил, а неговите најблиски воопшто не насетиле дека вакво нешто може да се случи.
Ден пред самоубиството го поминал времето на фармата. Полицијата отвори истрага и повеќе детали ќе има после обдукцијата.
Мачаринјанг беше трикратен светски шампион во крос и специјалист за трките на 10.000 метри. Учествуваше на пет светски првенства и освои три екипни златни медали во крос во 2006, 2007 и 2008 година.
Кениецот не се натпреваруваше од 2012 година, но подготвуваше големо враќање на атлетската сцена.
Извор и фото: Mondo.rs