Оваа недела започнува тестирањето во училиштата, прво ќе се бара одобрување од родителите – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/21 9:40 AM

Оваа недела започнува тестирањето во училиштата, прво ќе се бара одобрување од родителите

Во вторник, првиот работен ден оваа недела, ќе започне прибирањето дозволи од родителите или старателите за тестирање ученици. Како што информираат здравствените власти, токму скринингот на учениците ќе даде одговори за понатамошниот тек на менаџирањето на образованието во време на пандемија.

По ова околу 8200 ученици од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за присуство на Ковид-19 со земање брис атестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот.

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека скринигот е планиран да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основните училишта се организира се со цел да се добие податок за евентуална тансмисија на вирусот во училиштата.

Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Состојбата во градинките за сега е стабилна, изјави вчера министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Согласно последните бројки, има само девет позитивнивни вработени и шест деца што значи состојбата е стабилна,“ појасни Шахпаска.

За сега, според Шахпаска не е потребен скрининг со брзи тестови за Ковид-19 во детските градинки. Посочи дека значајно е оти 76 проценти од сите вработени во градинките се вакцинирани, воспитувачите и негувателите се вакцинирани во многу повисок процент некаде до 78, 80 проценти, како и останатиот помошно технички персонал.