Британската водителка и инфлуенсерка Кејти Пајпер (37) беше жртва на ужасен напад во 2008 година, организиран од нејзиното тогашно момче Даниел Линч.
Тој го ангажирал Стефан Силвестре да фрли сулфурна киселина во лицето на Кејти, по што ослепела на едното око и била во индуцирана кома 12 дена.
Кожата и коските на лицето ѝ биле уништени, поради што не излезе во јавност повеќе од една година. До денес, таа имала над 400 операции, а сега работи како водителка на радио и телевизија, и напиша три книги за нејзиното искуство.
View this post on Instagram
Кејти ја пронајде и љубовта на својот живот, Ричард Јамесејмс Сатон (38) и се венчаа во декември 2017 година. Родители се на две ќерки, Пенелопе (4) и Бел (7).
Но, здравствените проблеми никогаш не престанаа. Кејти неодамна мораше да оди на трансплантација на кожа на десниот очен капак, а сега повторно се бори за живот бидејќи почна да се гуши поради лузните што се појавија за време на претходните операции.
Таа многу кратко го познавала бившиот Даниел и по две недели врска, се покажал како чудовиште. Ја силувал и малтретирал, а потоа и го уништил лицето. Тој беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Сепак, во 2018 година беше ослободен од затвор, но неговата слобода беше краткотрајна. Набргу бил повторно затворен поради насилно однесување и обид за кражба на автомобил.
Тој беше ослободен од затвор минатата година и сега ужива со својата нова сопруга Даниела Бурк. Таа му пишувала додека тој се уште бил во затвор и вели дека неговото криминално минато не ја допира.
View this post on Instagram