Ќерката на Трамп во љубовен занес со сопругот на плажа во Мајами – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/21 5:42 PM

Ќерката на Трамп во љубовен занес со сопругот на плажа во Мајами

Оваа деловна дама се труди да создаде совршена рамнотежа помеѓу семејните активности и деловните ангажмани, за што најблиските се многу благодарни.

Најистакнатата наследничка на Доналд Трамп – Иванка, во последните месеци, ги остави настрана своите деловни обврски и целосно се посвети на својот сопруг Џаред Кушнер и децата кои се неизмерно среќни кога семејството е заедно.

Тие неодамна се преселија во Мајами со своите наследници, каде што изградија вила на приватно земјиште вредна 27 милиони долари.

Иванка Трамп ги користи првите денови од октомври за да ужива на плажата и водениот парк со своите најблиски, во што беа убедени папараците, фаќајќи прекрасни семејни моменти.

Платинестата русокоса беше без шминка во лежерно, летно издание бидејќи во Мајами се уште има тропска температура.

Иванка важи за една од најубавите и најсофистицирани дами во светот, а со својата елоквентност и образование ги соборува политичките моќници.

Дипломирала во 2004 година на престижниот универзитет Вортон во Пенсилванија и со години е десна рака на Доналд во сите сегменти на економијата и бизнисот.

Извор: Glossy.espreso.co.rs

Фото: Профимедиа