Добро се чувствува педесет и тригодишниот пациент, кому завчера му беше трансплантирано срце. Министерот за здравство, Венко Филипче утрово се огласи преку социјалните мрежи каде објави дека пациентот се опоравува.
-Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики – објави Филипче.
На пациентот, кој имал тешка срцева аномалија му беше трансплантирано срцето од млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ била дијагностицирана мозочна смрт. Нејзиното семејство одлучило нејзините органи да ги донираат, по што министерот Филипче појасни дека од пациентката ќе бидат експлантирани и коскени ткива и дека еден од нејзините бубрези треба да и’ биде трансплантиран на друга пациентка.