СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против В.К.(46) од Штип, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР.
На 30.09.2021 пријавената набавила хероин, го препакувала и заедно со прехранбени продукти го ставила во пакет, кој преку Б.М. од Свети Николе го испратила во Казнено-поправна установа Затвор Штип, каде нејзиниот сопруг издржувал казна затвор.
При преглед од страна на надзорниците во затворот, во пакетот биле пронајдени околу 20 грама хероин, кои биле одземени.