Бордел во Виена ќе стане вакцинален пункт – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/21 1:30 PM

Бордел во Виена ќе стане вакцинален пункт

Во Виена, со желба да се поттикне што поголема вакцинација на граѓаните, постојано се работи на проширување на мрежата на пунктови за вакцинација против корона вирусот. Сега вклучуваат и бордел во ваквите акции.

Борделот „Фанпаласт“ во Виена најави покренување на акција „Бордел вакцина“. Од 1 ноември во овој познат бордел, сите заинтересирани ќе можат да се вакцинираат против корона вирусот.

„Ова е дефинитивно најатрактивната варијанта. Како што е обичај, во борделот може да дојде кој сака, и без закажан термин да ја прими вакцината“, изјави менаџерот на овој бордел, Петер Ласкарис.
За оние, пак, кои ќе одлучат да ја примат и втората доза на вакцина во „Фанпаласт“, борделот им подарува бесплатен влез. Ласкарис порачува дека гостите на борделот,  кои се женети или во врска, отсега ќе можат да речат „Мила, бев денеска да се вакцинирам кај споменикот „Густав Климт“. Инаку, овој споменик е пред зградата на борделот.

Извор: https://informer.rs/