Потпорниот ѕид кој вчера делумно се сруши на Коридорот 10 пред тунелот „Предејане“, денеска целосно се урна, пренесува N1.
Се работи за ѕид со косина во должина од 725 метри и кој во последните пет месеци се руши веќе трипати.
Вчера изутрина околу девет часот свлечиштето целосно уништи околу 500 метри квадратни бетонска галерија над местото каде што се гради новиот коловоз на автопатот.
Денес, меѓутоа, ситуацијата е уште полоша бидејќи ѕидот целосно се сруши, о во близината немало работници.