После падот на апликациите – Се продаваат лични податоци на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/21 8:02 PM

После падот на апликациите – Се продаваат лични податоци на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук

Хакерите наводно стојат зад падот на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, пренесува Спутникњуз.

Многу корисници на Инстаграм, Ватсап и Фејсбук имаат проблеми со овие популарни апликации.

Изгледа дека „падна“ Инстаграм бидејќи многу луѓе не можат да ја користат апликацијата. Неколку корисници на Твитер објавија дека оваа апликација не работи правилно. Забележано е дека апликацијата паднала или не вчитала никакви објави.

Наводно, приватните лични податоци на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук се продаваат на популарен хакерски форум.

На крајот на септември, беше објавено соопштение а хакерскиот форум, во кое се тврдеше дека  имаат имаат име, е-пошта, телефонски број, локација, пол и кориснички ИД на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук.

Извор: Курир.рс