Српската актерка Невена Вукеш и нејзиниот сопруг, хрватскиот музичар Марко Вукеш, ја добија најдобрата вест по тешкиот период – за неколку месеци во нивниот дом пристигнува бебе. Невена, која публиката добро ја познава од српските серии, е бремена и ќе стане мајка на почетокот на следната година.
View this post on Instagram
Актерката и нејзиниот сопруг Марко минаа многу тежок период во текот на минатата година – за време на земјотресот што ја погоди Хрватска, останаа без покрив над главата, поради што живееја со месеци во контејнер што им го даде општината Марија Бистрица. Во тој период тие снимија серија на Јутјуб во која покажаа како од контејнерот, кој има само 12 квадратни метри, направиле дом и тоа наишло на бројни позитивни реакции.
За време на животот во контејнерот, Невена и Марко започнале да градат нова куќа, а сега следуваа најдобрите вести – бебето доаѓа.
View this post on Instagram