Ништо не остана од убавината на Карла Бруни – Алкохолот и пластичните операции и го уништија лицето – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/21 2:00 PM

Ништо не остана од убавината на Карла Бруни – Алкохолот и пластичните операции и го уништија лицето

Некогаш, 52-годишната Карла Бруни беше топ модел, пејачка и текстописец. Денес, таа е сопруга на поранешниот француски претседател, но таа се уште снима албуми. Италијанката порано беше украсена со неверојатна убавина, но за жал, беше подложена на бројни операции, ботокс и слично, поради што денес е видноизменета. Во брак е со Саркози од 2008 година. Нејзините медиумски настапи денес се многу ретки, па сите беа изненадени од интервјуто за британски „Телеграф“ во кое таа зборуваше за карантин со своето семејство, но и за проблемите со алкохолот.

“Кога пијам, претерувам. Размислував, ако поминам во карантин пиејќи алкохол, ќе завршив, ќе бев мртва. Не знам како да бидам умерена”, вели Карла Бруни, додавајќи дека успеала да го надмине овој проблем за време на карантинот.

До својата 20 -та година, Карла Бруни беше меѓу 20 -те најдобро платени модели во светот, и заведе многу познати и постари мажи. Таа беше во врска со Мик Џегер и Ерик Клептон, а мажите ширум светот воздивнаа по неа.

Ниту јавноста не можеше да се засити од нејзината убавина и шарм, а поинформираните извори тврдат дека Саркози полудел за време на првата средба во 2007 година. Се зборуваше дека таа го завела и американскиот претседател Доналд Трамп, а медиумите често знаат да коментираат дека неговата сегашна сопруга Меланија Трамп неодоливо личи на Карл Бруни.

Се зборуваше многу за нејзината убавина, каде и да се појави, со што привлекувше големо внимание. Во желбата да го задржи младешкиот изглед, Карла претерала со пластична хирургија, па останала само бледа сенка од таа убавина.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/
Фотографија: EPA / Julien Warnand