Секоја петта жена не ја менува долната облека со денови – Загрижувачки податоци за личната хигиена – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/21 9:45 PM

Секоја петта жена не ја менува долната облека со денови – Загрижувачки податоци за личната хигиена

Една од пет жени не ја менува долната облека секој ден, а некои носат исти гаќички со денови, покажало новото истражување кое го спроведе порталот The Derm Review.
Во истражувањето учествувале повеќе од 1.000 жени, а дури 21% од нив признале дека едни гаќички ги носи по неколку дена.

Една од десет жени ја носи истата долна облека три дена или подолго, што значи дека оваа нехигиенска навика е многу честа. Повеќе од половина или 55% во креветот спијат со истата долна облека што ја носеле во текот на денот, а тоа најмногу се однесува на старосната група над 55 години.

Речиси четвртина од испитаничките рекле дека не ја менуваат долната облека после тренинг и во таа група има најмногу млади жени под 25 години.

Причините за овие нехигиенски навики се различни. Некои велат дека штедат време и пари, други мислат дека така ја чуваат животната средина, а има и такви кои мислат дека тоа е нормално.

– Можеби сте во искушение да ја носите долната облека повеќе од еден ден за да немате толку многу облека за перење. Но, со тоа го ризикувате здравјето – инфекции, иритација, секрет, проблеми со кожа, па можеби треба да размислите пред да одлучите да ја носите долната облека неколку дена“, порача биохемичарката за нега на кожата Ел Меклеман и додаде дека со ваква нехигиена може да се јават вагинитис или бактеријска вагиноза.

Извор: Mondo.rs