Во Австрија 63% од жителите се вакцинирани барем со една доза на вакцина против коронавирусот. Меѓутоа бројот на вакцинирани на дневно ниво опаѓа, а расте оптеретеноста на болничките капацитети. За да се ублажи следниот бран на пандемијата или во целост да спречи преостанува да се мотивираат невакцинираните граѓани.
Според резултатите на Медицинскиот универзитет во Виена од август годинава, жителите најмногу се мотивираат за вакцинација преку слободен избор на вакцини, промотивни купони, па дури и лотарија.
Во онлајн анкетата учествувала 3067 лица од Германија, Австрија и Швајцарија на возраст од 18 до 90 години. Меѓу нив 18% од анкетираните во Австрија рекле дека не се вакцинирани ниту се пријавиле, додека 23,5% од нив рекле дека ќе се вакцинираат ако сами ја изберат вакцината.
Само 8,7% би се вакцинирале во замена за подарок, а 6,6 отсто преку учество во лотарија.
Останатите мотивирачки фактори се вакцинирање на работно место, бесплатен оброк по вакцината како и налепница со која се потврдува дека лицето е вакцинирано.
Слични резултати се добиени и во Германија и Швајцарија.
Извор: B92.net