Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери, само директната, редовна и двострана комуникација може да создаде систем за брза реакција на проблемите во општината, за правилно долгорочно планирање и општина да се развива во правец кои вие жителите го бирате на овие избори, вели во своето обраќање кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери за Општина Карбинци, Јордан Насев.
„Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со жителите и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа. Иницијативите од жителите ќе бидат прифатени и процесирани во јасен систем, при што општините ќе се обврзат да одговорат на иницијативи во рок до десет дена,“ вели Насев.
Посочи дека учеството на населението во управувањето со општината нема да се сведе само на гласање еднаш на четири години, туку преку комуникацијата со градоначалникот и пријава на иницијативи ќе се изгради вистински партнерски однос.
Изградба на брана „Баргала“ на Козјачка река, регионален водоводен систем на Плачковица, градинка во село Карбинци а училишна зграда во село Таринци, реконструкција и продолжување со изграба на левиот канал за наводнување од Хидросистемот Брегалница, се само дел од проектите во програмата на кандидатот за градоначалник на Општина Карбинци, Јордан Насев.
Тој ги повика своите сограѓани да направат споредба и разлика.
Граѓаните да направат споредба и разлика повикува и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов.
„Само со обединети сили и обновени кадри можеме кон искрена понуда и чесно до реализација кон зацртаните цели. Имаме план, имаме визија а мотивацијата никогаш не била поголема за успех и просперитет на нашата општина, вели Паунов.
Тој ветува изградба на детска градинка во село Карбинци и нова училишна зграда во село Таринци. Подобрување на водоснабдувањето во село Радање, уредување на одводниот канал „Герен’ во село Долни Балван, изградба на повеќенаменско игралиште во село Крупиште.
„ Во нашата програма предвидуваме велосипедски патеки, уредување на Црвулевска река, субвенционирање на енергетски ефикасни фасади решавање на проблемите со депониите и нивно дислоцирање, субвенционирање за изградба на енергетски ефикасни фасади, доизградба на црковен објект во село Таринци, секоја неасфалтирана улица да добие асфалт,“ е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, вели Паунов.
foto-fb-prt sc