Со две дози „Синофарм“ поминав пет тешки дена, ме спаси медот на Атиџе, молитвите.., објасни пејачката Ребека како го поминала заразувањето со Ковид – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 10:40 PM

Со две дози „Синофарм“ поминав пет тешки дена, ме спаси медот на Атиџе, молитвите.., објасни пејачката Ребека како го поминала заразувањето со Ковид

Пејачката Ребека  вакцинирана со две дози „Синофарм“ го прележа ковид-19. Таа во подолга објава на социјалните мрежи објасни се’ до детал за маката низ која поминала и дека сега после се’ се чувствува добро.

-По 15 дена чувствувам само замор. По направени анализи, се’ е како што треба. Малите го донесоа, претпоставуваме од училиште. А можеби и не. Никој не може точно да знае. Иако никогаш не бевме претходните денови.  Тие така речи без симптоми. Еден ден со температура и толку. Го мислев големиот батко, Маркијан. Тој немаше симптоми. Невозможно беше да го тестираме. Да пикнеш стапче во нос на дете со аутистичен спектар е невозможна мисија. Вакцинирана сум со две дози „Синофарм“, но од втората поминаа 13 дена и јас се заразив. Си одлежав седум дена, а пет беа тешки. Антибиотик не земав иако спомнаа двајца доктори. Мојов не. Ми даде „Фавира“ од првиот ден, а јас скришно си земав и „Ивермектин“. Од кашлање не можев да спијам, а со две мали деца дома и не мирував многу како што ми препорачаа. Маркијан со татко му беше во гарсоњерата на баба. Тато Мики е вакциниран  со „Спутник“, но без симптоми, негативен. „Спутник“ испадна одлична вакцина, кажа Ребека и додаде:

– Една баба болна со две вакцини „Фајзер“ од мај, на три антибиотика и една тетка од 87 години без вакцина со мали симптоми ден до два. Збунувачки,нели?!  Јас пиев по 3 до 4 литри течности: вода (со лимон,ѓумбир и мед),сок од бозел (домашен),чај (кантарион, мајчина душичка, маточина и ловоров лист), супи од кокошка од мојата мамичка и манџички, кисело млеко, каши т.н.смутија со шумска боровница, капини, јагоди замрзнати, јаболки,банани, хлорела, мед, мејпл сируп и овесни снегулки. Многу мед и прополис од Атиџе и боров сируп од Берово, витамини и аспирини. Не јадев месо и леб. Правев вежби со дишење, палев темјан и се смирував со молитви. Не бев во состојба да готвам и неизмерно и’ благодарам на мајка ми за сите пити, колачи, уштипци, манџи и други изненадувања за моите мускетари, објасни пејачката.

„Му благодарам на Господ Исус Христис, му благодарам на мојот Мики за целото трпение да одговори на сите мои прашања и и благодарам на баба Вера која првите четири дена го чуваше Маркијан“, додаде таа.