Несаканите ефекти од бустер дозата на Фајзер се слични како кај втората доза, тврдат Американците – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 8:25 PM

Несаканите ефекти од бустер дозата на Фајзер се слични како кај втората доза, тврдат Американците

Во новиот преелиминарен извештај на американскиот Центар за превенција и контрола на болестите (ЦДЦ) се наведува дека лицата кои добиле трета доза од вакцината на Фајзер против ковид-19 имале исти несакани ефекти како после примањето на втората доза.

Си-Ди-Си (ЦДЦ) го направил извештајот врз основа на испитување на 306 луѓе кои примиле бустер доза на Фајзер, пренесе Еј-Би-Си њуз.

Најчести несакани ефекти биле малаксаност, главоболка и болка во раката каде што се аплицира дозата, а симптомите траеле воглавно ден или два.

ЦДЦ ќе продолжи да ги следи последиците од давањето на третата доза и потенцијално новите несакани ефекти, но порачува дека досега не се пронајдени нови неочекувани појави.

Во САД е одобрено давање бустер доза со вакцината на Фајзер и Бионтек.

Извор: B92.net