Заминување во спортска пензија официјално објави легендарниот Филипинец Мани Пакјао, кој ќе остане запаметен како еден од најдобрите светски боксери на сите времиња.
Збогувањето со рингот и ракавиците Пакјао го објави во 14-минутно видео на својот Фејсбук профил и ја најави својата „најголем борба во политичката кариера”, откако претходно овој месец официјално беше номиниран за претседател на Филипини.
– Штотуку го слушнав гонгот. Готово е со боксот. Никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден и дека ракавиците ќе ги закачам на ѕидот, рече во видеообраќањето популарниот Пекмен.
Пакјао, кој е сенатор од 2010 година, претходно овој месец го номинираше владејачката ПДП-Лабан на својата национална конвенција, истакнувајќи го како свој кандидат за изборите закажани за идната година.
Четириесетидвегодишниот Пакјао е првиот боксер во историјата, кој стана светски првак во осум различни тежински категории. Последната титула светски првак ја освои во 2019 година во велтер категорија на возраст од 40 години.
Пакјао во кариерата оствари ефект од 62 победи, седум порази и две нерешени борби, а во август годинава веројатно за последен пат влезе во рингот кога загуби со едногласна одлука на судиите од Кубанецот Јордемис Угус.
МИА
фото: news.sky.com