„Бев глупава“: Британка сметала дека короната не постои, па завршила на респиратор – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/21 3:43 PM

„Бев глупава“: Британка сметала дека короната не постои, па завршила на респиратор

Британскиот модел, Холи Мекгир (43) признала дека речиси два пати ќе умрела откако се заразила со коронавирусот, а докторите и’ давале само 15 проценти шанса дека ќе преживее кога ја приклучиле на респиратор. Манекенката претходно на социјалните мрежи пишувала дека короната е измислена и ги повикувала луѓето да не се вакцинираат.

„Бев антиваксер, не сакав да се вакцинирам, но сега се уверив дека ковидот е реалност“, изјавила таа за Mirror.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HollyMcguire (@officialhollymcguire)

Признала дека одбивала да верува во коронавирусот сѐ додека и самата не завршила во болница каде поминала три недели, од кои две била во кома и приклучена на респиратор.

„Мојот сопруг беше подготвен на најлошото. И’ се јавил на мајка ми и плачел зборувајќи дека мисли оти нема да се извлечам“, посочила таа.

„Многу мои пријатели беа антиваксери, а јас ги слушав. Сега многу жалам поради тоа, бев глупава. Се заразив и беше ужасно, како да ме погодил камион. Само вакцинирајте се што побргу“, порачала манекенката.